ФВ-ПАМ КОНЦЕПТ
ИНТЕГРАЦИЈА

Акумулирање на електрична енергија, интегрирано во самиот модул, со можност за полнење/празнење со поголема моќност отколку моќноста на ФВ модулот

УПРАВУВАЊЕ

Управување на тековите на енергија и надзор на секој модул

ГРАДЕЖНА
ПРИМЕНА

Можност за формирање на поголеми водонепропусни покривни површини, без употреба на дополнителен материјал

ФВ-ПАМ КОНЦЕПТ

ПРЕДИЗВИЦИ ЗА ДИСТРИБУТИВНАТА МРЕЖА

Со зголемувањето на бројот на инсталирани фотоволтаични (ФВ) системи се зголемуваат и предизвиците што операторите на дистрибутивната мрежа ги имаат при обезбедување на сигурност и доверливост во снабдувањето.

 

Регуларните и случајните промени на произведената електрична енергија од ФВ системи се едни од главните предизвици

БАТЕРИИ

Иако со висока цена, најприроден начин за справување со овие предизвици е користењето на батерии.

Овој проект има за цел намалување на трошоците на ФВ системите со акумулаторски батерии и постигнување на нивна исплатливост.

ПРИМЕНА НА
ФВ-ПАМ

ФВ-ПАМ може да се примени во новите и во постојните ФВ системи.

 

Денес, вкупната инсталирана моќност на фотоволтаичните системи на глобално ниво изнесува околу 400 GW, а се проценува дека истата ќе се зголеми на 1.000 GW до 2025 година.

 

Врз основа на ова, иновацијата ФВ-ПАМ има потенцијал да биде значаен сегмент од овој пазар на ФВ модулите.

 
ФВ-ПАМ покрив
  • Батериите се интегрирани во рамката, наместо под задната површина на ФВ модулот, со што се обезбедуваат услови за ладење на ФВ ќелиите, т.е. зголемување на ефикасноста на ФВ модулите, структурална и механичка цврстина
     

  • Дизајн на нов облик и форма на рамката, што ќе овозможи простор за сместување на батериите

  • Eдноставна можност при монтажа на ФВ модулите да се формира водонепропусна покривна површина, како завршен арихтектонско-енергетски елемент

  • Интегрирање на електронски компоненти за управување со тековите на енергија во модулот, овозможувајќи прилагодување на карактеристиките на батериите кон стандардните инвертори
     

  • Можност за обезбедување на поголема моќност отколку вкупната моќност на ФВ генераторот

 

ТИМ

Проектот го реализира групата ФВ-ПАМ:​

ИНТЕБАКО

ИНТЕБАКО ДОО Скопје – подизведувач;

ПРЕДИЗВИЦИ ЗА ДИСТРИБУТИВНАТА МРЕЖА

Торакс ДОО Скопје – апликант;

КООРДИНАТОР НА ПРОЕКТОТ

проф. д-р Димитар Димитров од УКИМ-ФЕИТ

експерт од областа на фотоволтаичните системи

ИНОФЕИТ

Центар за трансфер на технологии и иновации – ИНОФЕИТ, кое ги користи и ресурсите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Факултет за електротехника и информациски технологии (УКИМ-ФЕИТ) – подизведувач;

ЛОНОСКИ

ЛОНОСКИ ДООЕЛ – подизведувач.

ЕКСПЕРТИ

проф. д-р Мишко Ралев и

 

Влатко Ташковски.

 

ОДРЖЛИВОСТ

Согласно ЕУ директивите, инсталирањето нови ФВ системите во иднина ќе биде помогнато само со цел максимизирање на сопствената потрошувачка.

 

ИНОВАЦИЈА

Иновацијата се состои во физичката интеграцијата на модулот, батериите и контролната логика, како и новите рамки што ќе овозможат добивање на водонепропусни покривни површини.

 

Решенијата за примена на акумулаторските батерии во ФВ системите што моментално се на пазарот: имаат сложена конфигурација, се трудо-интензивни, бараат квалификувани кадри, зафаќаат корисен простор и потребен е обемен материјал за поврзување.

 

Примената на ФВ-ПАМ доведува и до значајни заштеди при инвестирањето во нови или надградба на постојни ФВ системи. ФВ-ПАМ се инсталираат во ФВ системите на потполно идентичен начин како и стандардните ФВ модули, но притоа се добиваат повеќе нови функционалности, значајни како за корисниците, така и за електроенергетскиот систем. Поради на намалувањето на инвестициските трошоци, се проширува подрачјето на примена и се зголемува корисничката база.

Во нашиот концепт се користи стандарден инвертор, а батериите се сместени во рамката на ФВ модулите. Применетите LTO батерии овозможуват примање и оддавање на големи електрични моќности, висока (~98 %) циклусна (round-trip) ефикасност, надзор и управување на секој модул.

 

Со ФВ-ПАМ се креираат големи водонепропусни покриви површини.

Ramka so baterii.jpg

innovation hub

 

ТЕХНИЧКИ КАРАКТЕРИСТИКИ

Последните години на пазарот се појавија напредни литиум-јонски батерии, каде е заменет јаглеродениот материјал со литиум-титанатски нанокристали – литиум – титанатски (LTO) батерии. Со тоа се добиени повеќе предности: долг работен век (повеќе од 20 000 циклуси, наместо 2 000 циклуси кај останатите Li-Ion батерии), можност за брзо полнење и празнење без значително намалување на капацитетот, подобрени карактеристики при ниски температури, а со сето ова се подобрува применливоста кај фотоволтаичните и ветрогенераторските системи.

Едно од најважните подрачја на примена на ФВ системите се сите типови згради, при што ФВ модулите најчесто се поставуваат на покривите.

 

Во досегашните решенија за монтажа на ФВ модулите не е можно потполно да се обезбеди водонепропусност на покривната површина, па затоа се изведуваат две покривни површини: градежна и енергетска.

 

Имајќи го предвид претходното, дојдовме до идеа физички да интегрираме LTO батерии во ФВ модулите, искористувајќи ги предностите и избегнувајќи ги недостатоците на претходните решенија и тоа:​

Baterija.png
  1. Батериите се интегрирани во рамката, наместо под задната површина на ФВ модулот, со што се обезбедуваат услови за ладење на ФВ ќелиите, т.е. зголемување на ефикасноста на ФВ модулите, структурална и механичка цврстина
     

  2. Дизајн на нов облик и форма на рамката, што ќе овозможи простор за сместување на батериите
     

  3. Едноставна можност при монтажа на ФВ модулите да се формира водонепропусна покривна површина, како завршен арихтектонско-енергетски елемент
     

  4. Интегрирање на електронски компоненти за управување со тековите на енергија во модулот, овозможувајќи прилагодување на карактеристиките на батериите кон стандардните инвертори
     

  5. Можност за обезбедување на поголема моќност отколку вкупната моќност на ФВ генераторот
     

  6. Со ФВ-ПАМ е можна изведба на акумулациска ФВ електроцентрала, без потреба од примена на хибридни или одделни батериски инвертори
     

  7. ФВ-ПАМ може да бидат замена на класичните ФВ модули во постојните ФВ електроцентрали, со што истата добива функција на акумулациска електроцентрала со повеќе корисни можности за електроенергетскиот систем
     

  8. Намалување обемот на електричните инсталации (кабли и др.) и немање потреба од дополнителен простор за поставување на батериите.

1/41
 

СОФТВЕР ЗА УПРАВУВАЊЕ

Развиваме софтверска платформа за управување на производството од електроцентралите со ФВ-ПАМ, за дистрибутерите на електрична енергија, со цел централизирано управување на

ФВ електроцентрали (системска услуга)

Screenshot 2021-02-26 at 20.56.46.png